Во сабота, 25-ти јуни во Спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022 “ во организација на „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид.
Учество ќе земат клубови од 8 земји и тоа : Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.
Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на Интернационалната таеквондо Федерација, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на јутјуб.
Задолжен за судискиот систем е г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј. Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација.
За сите љубители на теквондото, влезот ќе биде слободен за да имаат можност да ги гледаат натпреварувачите и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт.
Сите наши подржувачи ќе имаат можност во живо да ги гледаат европските вицешампиони Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив – вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, претседател и тренер на најуспешниот клуб Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид.