Mеѓународeн турнир Град При во стрелаштво во организација на ЖСК „Лихнидос“
Женскиот стрелачки клуб ,,Лихнидос” по вторпат оваа година ќе го организира меѓународниот Турнир Град Приx 2024 год. под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка Федерација.
„Турнирот ќе се одржи на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а целта ни е продолжување на туристичката сезона, промоција и презентација на градот и збогатување со нова содржина, со што би се привлекле повеќе гости како од државата така и од регионов.“ – велат организаторите.
Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос“ ги поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество на вториот отворен Турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје- пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м што ќе се одржи на 15.09.2024.
Котизацијата за една дисциплина ќе изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите 4 дисциплини со уплата од 1.400 денари
Пријавување на е-маил на sklihnidos@yahoo.com најдоцна до 11.09.2024, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 Шпаркасе банкаОхрид најдоцна до 13.09.2024г до 14ч.
„Се молат сите учесници на Турнирот да ги почитуваат правилата за безбедно ракување и користење на оружјето да носат заштитни наочари и антифони. Секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација.“ – напоменуваат организаторите.