Skip to main content

Меѓународната охридска веслачка регата

Спортскиот настан беше во рамки на програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.
 |  инфодеск  | 

Вкупно 48 натпреварувачи од веслачки клубови од Србија, Бугарија, Хрватска  и Македонија беа дел од Меѓународната охридска веслачка регата која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро. Спортскиот настан беше во рамки на програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.

Домаќин и организатор на регатата која се одржува втора година по ред беше веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид, кои на ова натпреварување се претставија  со 12 свои веслачи.