Младите кошаркари стратуваа со победа
Конечните 78:70 беа поставени во игра со многу осцилации од страна на нашите репрезентативци. По шутерското шоу во првото полувреме кога Македонија постигна 10 тројки се замина со резултат 42:32.
Во второто полувреме водството на нашите кошаркари изнесуваше и плус 17, за на три минути до крајот Австриците да стигнат до три поени негатива. Тие немаа сили за комплетен пресврт и на крајот загубија со пристојна разлика.
Најефикасен играч на мечот беше Марко Симоновски со 19 постигнати поени.
Селекторот Емил Рајковиќ беше задоволен од конечниот епилог, но не и целосно задоволен од играта на македонските млади кошаркари.
– Ме радува триумфот, но има доста работи што треба да се поправат. Ние ќе бркаме уште еден триумф против Унгарија или Бугарија, кој се надеваме ќе биде доволен за пласман помеѓу осумте најдобри селекции, изјави Рајковиќ по натпреварот.
Во другиот дуел од групата Д Унгарија ја победи Бугарија со 81:75.
На табелата водат Македонија и Унгарија со по 2 бода, пред Бугарија и Австрија со по 1 освоен бод.
{loadposition content9}