Московјани убедени дека ќе дадат гол против Интер
Во ЦСКА оптимизмот го темелат на неиграњето на дефанзивниот крал на Италијанците, Лусио, како и на Мота. Тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слутски, со голема самодоверба кажа дека неговиот тим оди во Милано да постигне гол против Интер. Тој очекува тежок натпревар, особено откако Интер загуби од Рома во домашниот шампионат.
| Маја Савиќ | Спорт
Лига на шампиони
Во ЦСКА оптимизмот го темелат на неиграњето на дефанзивниот крал на Италијанците, Лусио, како и на Мота.
Тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слутски, со голема самодоверба кажа дека неговиот тим оди во Милано да постигне гол против Интер. Тој очекува тежок натпревар, особено откако Интер загуби од Рома во домашниот шампионат.
„Интер е тим кој може да биде релаксиран во некои сегменти од натпреварот. Но, од друга страна глупаво е да очекувате такво нешто во четврт-финале од Лигата на шампионите. Кристално е јасно дека Интер ќе даде се’ од себе до последната минута“, смета Слутски, кој својот оптимизам за погодок на „Сан Сиро“ го гради на добрата форма на Милош Красиќ, Алан Џагоев и Хонда, а уште повеќе на отсуството на дефанзивниот крал на Интер, Лусио и играчот од средниот ред Тијаго Мота. Во таа насока да не заборавиме дека ЦСКА сезонава му даде три гола на Манчестер Ј. среде „Олд трафорд“ (водеше со 3:1, а на крајот мечот заврши 3:3), па го совлада и Бешикташ во гости.
Тоа Мурињо многу добро го знае и затоа ги предупреди своите фудбалери дека мора да го дадат својот максимум за да не им се случи од играчка плачка, односно радоста поради четврт-финалната ждрепка да се претвори во голема тага.
Како и пред сите мечеви од Лигата на шампионите така и пред овој, италијанските новинари нагаѓаат дали Мурињо ќе се одлучи за похрабрата варијанта со нашиот Горан Пандев, која му донесе успех со Челзи. Ето и Милито сигурно ќе бидат во нападот, а во евентуалната формација 4-3-3 може да се вклопи и Пандев.
Ето не е оној играч од Барселона, но големи фудбалери како него се’ уште можат да решат било кој натпревар (така беше и против Челзи). Милито, пак, е втор стелец во Серија А со 18 гола.
{loadposition content9}