Skip to main content

Мултиспортска трка „Акватлон“ по трет пат во Охрид

На трката во осум категории се натпреваруваа учесници од Хрватска, Црна Гора, Србија, Полска, Холандија, САД и Македонија. Организатор на овој спортски настан е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“.
 |  инфодеск  | 

купно 210 натпреварувачи беа дел од мултиспортската трка „Акватлон“ која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро. Манифестацијата се организира по трет пат во Охрид и е дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.  

На трката во осум категории се натпреваруваа учесници од Хрватска, Црна Гора, Србија, Полска, Холандија, САД и Македонија. Организатор на овој спортски настан е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“.

На секој учесник кој ја заврши трката му беше доделен медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи добија медали и дипломи.