Мурињо се соочува со отказ
Според најновото издание на „Тутоспорт“, на менаџерот на Интер Жозе Мурињо го чека тешка санкција од страна на италијанскиот фудбалски сојуз поради физичка пресметка и навреда кон новинарот на „Кориере део Спорт“ Андре Рамацоти, а малку веројатно е и дека ќе остане на клупата на својот тим.
Хозе Мурињо

Изнервираниот португалски тренер по саботниот дуел против Аталанта (1:1) во Бергамо на натпреварот од 16-то коло влезе во конфликт со Рамацоти.
Мурињо се навреди на неговото прашање, па вербално го навреди новинарот нарекувајќи го меѓу останатото и со „куч..н син“, а потоа и физички се пресмета, со што ја продлабочи нетрпеливоста која владее меѓу него и „седмата сила“.
Од Италијанскиот фудбалски сојуз покренаа истрага за целиот инцидент, па така нивниот делегат разговарал со бројните сведоци на настанот, и врз основа на неговиот извештај ќе биде донесена конечната одлука за казната на контроверзниот португалец.
Наводно Мурињо освен парична казна може да добие и месечна суспензија за водење на натпреварите на Интер, но тоа не е се.
Португалецот на своја кожа би можел да го почувствува бесот на претседателот на Интер Масимо Морати кој наводно бил посрамотен од таквиот чин на тренерот на својот клуб, и веќе му се извинал на новинарот телефонски.
„Тутоспорт“ така додава дека Мурињо тешко може да остане тренер на Интер до крајот на сезонава.
Самиот менаџер ќе има прилика да го објасни својот потег на прес-конференција во попладневните часови, во пресрет на натпреварот од италијанскиот куп против Ливорно во среда.

{loadposition content9}