Мурињо се враќа „дома“
Посетата на Лондон од страна на Жозе Мурињо, кој во британската престолнина престојува изминативе неколку дена, одново ги подгреа шпекулациите дека Португалецот од следната сезона повторно ќе биде дел од Премиер лигата.

Мурињо вечерва ќе се најде на Стемфорд Бриџ, каде ќе го следи во живо пријателскиот дуел помеѓу Бразил и Русија, место на кое според неговиот колега од младинските категории на Порто додека Мурињо беше тренер таму, Руи Са Лемос, тој ќе се врати по крајот на оваа сезона.
„Јас нема да нагаѓам, туку ќе ви ја пренесам веста. Мурињо се враќа дома следната сезона“ – напиша Лемос на својот Твитер профил, под фотографијата на Стемфорд Бриџ, пред неговиот профил да биде деактивиран.
{loadposition content9}