Skip to main content

МВР за инцидентот на Куп на Македонија

МВР отвори предмет за полицаецот што го удри ракометарот Талески со пендрек 

По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот.“ – велат од министерството.
 |  инфодеск  |  ,
Полицаец Талески Куп Охрид

Финалето во ракометниот Куп на Македонија што се одржа во Охрид, го засени инцидент. Славењето на Вардар по победата над Еурофарм Пелистер со 26-25 премина во турканици помеѓу играчите на двете екипи, во кои еден од полициските службеници, кои го обезбедуваа натпреварот, со пендрек го удри по глава ракометарот на Вардар, Филип Талески.


„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер” од Битола и „Вардар” од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

И покрај тоа што инцидентот не бил пријавен, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформил предмет.

По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот.“ – велат од министерството.