На 01.10.2023 година на стрелиштето Бејбунар во Охрид во организација на ЖСК ,,Лихнидос” за прв пат ке се одржи меѓународен Турнир во гаѓање со пиштол и револвер голем калибар како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м. Турнирот ќе биде отворен во 10 часот.
Пријавување на е-маил на sklihnidos@yahoo.com најдоцна до 25.09.2023, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 во Шпаркасе банка А.Д Охрид најдоцна до 28.09.2023г до 14 часот.
Трошоците за превоз, котизација и муниција се на товар на натпреварувачите или клубовите. Котизацијата за една дисциплина изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите дисциплини со уплата од 1.400 денари.
Организаторите напоменуваат сите учесници на Турнирот да го почитуваат Законот за оружјето- задолжително да носат дозвола за оружјето кое го поседуваат, да носат заштитни наочари и антифони. Секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација.
Организаторот на учесникот со најдобар резултат во дисциплината со пушка 50 и 100 метри ќе му додели награда малокалибарска пушка – ZASTAVA M-56 22LR.