Надал сака да игра во финалето на Дејвис купот
Првиот светски тенисер, шпанецот Рафаел Надал, вети дека ќе направи се што може само да се опорави од повредата пред финалниот натпревар од Дејвис купот против Аргентина.
Рафаел Надал
Првиот светски тенисер, шпанецот Рафаел Надал, вети дека ќе направи се што може само да се опорави од повредата пред финалниот натпревар од Дејвис купот против Аргентина.
Надал го повреди десното колено, поради што мораше да го откаже учеството на завршниот Мастерс во Шангај кое почнува во недела. Шпанецот исто така го предаде четвртфиналниот натпревар на Мастерсот во Париз против Давиденко.

„Се ќе сторам само за да учествувам на финалето на Дејвис купот. Ако бидам подготвен барем 40% нема да одам во Аргентина. Имам неколку дена да се опоравам и ќе се обидам малку да тренирам“ рече Надал за шпанското национално радио.
Тенискиот сојуз на Шпанија во вторникот соопшти дека на надал му се потребни седум дена одмор и терапија и дека светскиот рекет број еден следната недела ќе ги направи последните тестови,со цел да се знае дали ќе игра во финалето во Мар Дел Плата.
{loadposition content9}