Skip to main content

Надал: Не третираат како криминалци

Новиот анти-допинг режим во тенисот ги третира тенисерите како криминалци, според, светскиот рекет број еден, Рафаел Надал.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал
Новиот анти-допинг режим во тенисот ги третира тенисерите како криминалци, според, светскиот рекет број еден, Рафаел Надал.

Шпанецот  со критики против процедурата усвоена од страна на АТП, и потпишана од страна на Светската Анти допинг агенција, минатата година.

„Не е фер да не гонат вака.“ Изјави Надал на турнирот во Ротердам.

Од почетокот на годинава првите 50 пласирани на АТП листата, мора да наведат еден час во денот кога ќе бидат достапни врз нив да се направат тестови, според правилата на Федерацијата.
Надал, Енди Мареј и Жил Симон се изјасниа дека тоа представува малтретирање на тенисерите.

Rafael Nadal„Направија да се чувствуваме како криминалци. Ни мајка ми не знае кога сум ској момент од денот. Тешко е да се знае каде си во секое време посебно со спорт каков што е тенисот.“ изјави Надал.
Потесната допинг контрола е резултат на тоа тенисот да стане Олимписки спорт, но Надал се прашува дали се ова е вредно за тоа.

„Секако дека сакаме да биде олимписки спорт тенисот, но мислам дека не сакаме да платиме толку висока цена за Олимписки спорт“, рече тој.

 

 

{loadposition content9}