Надал се враќа
Шпанецот Рафаел Надал, вториот најдобар тенисер во светот се врати на тренинзите после проблемот со коленото поради што го откажа и настапот на Вимблдон каде што требеше да го брани минатогодишниот наслов.

Надал во последниот месец играше на Ролан Гарос, каде што во осмина финалето беше поразен од Швеѓанецот Робин Содерленг, со што ја прекина и својата победничка серија на земјена подлога која траеше цели четири години.
После тоа поради болки во коленото го откажа настапот на Квинс и на Вимблдон, како и Дејвис Куп натпреварот против Германија во Марбел.
Шпанските медиуми пишуваат дека Надал го одработил тренингот во Мадрид, тој се надева дека ќе биде спремен за настап на АТП турнирот во Монтреал, кој започнува на 8. Август.
{loadposition content9}