Најдобриот македонски боксер стартуваше со победа на светското првенство
Најдобриот македонски боксер Вели Мумин успешно го почна настапот на Светското првенство во Милано.
Вели Мумин
Најдобриот македонски боксер Вели Мумин успешно го почна настапот на Светското првенство во Милано.
На отворањето на 15-от мундијал, во стартната борба во мува категорија, бронзениот од последните две Европски првенства го победи индонезиецот Хулио Бриа на поени со 19-9.
Од квартетот македонски претставници, на рингот уште вечерва ќе се појави Примислав Димовски, чиј противник во првото коло во супертешка категорија е Жакз Агеиду од Науру.
Фатлум Жута в сабота во средна категорија ќе боксува со бугаринот Младен Манев, а в недела тешкашот Димитар Ташков со узбекистанецот Размон Амедов.
{loadposition content9}