Skip to main content

Европското првенство во класа Оптимист

Најмладите ја враќаат Македонија на европската и светската едриличарска сцена

Нашите репрезентативци – членови на клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга, силите ќе ги измерат со вкупно 300 едриличари од Европа.
 |  инфодеск  | 
Едриличари

Македонскиот национален тим во едрење учествува на Европското првенство во класата Оптимист во Солун, Грција.

Нашите репрезентативци – членови на клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга, силите ќе ги измерат со вкупно 300 едриличари од Европа.

Следниот голем предизвик е Светското првенство во кластата Илка 4, што ќе се одржи во Волос, Грција, во периодот од 23 до 31 јули. Македонската репрезентација составена од пет напреварувачи ќе биде дел од светската едриличарска елита со вкупен број од 400 натпреварувачи.

„После повеќе од десет години, токму најмладите ја враќаат Македонија на европската и светската едриличарска сцена, како показател дека иднината на македноското едрење се движи во правилна насока. Напред храбри деца. “ – велат од Едриличарската федерација на Македонија.