Најуспешниот зимски олимпиец на сите времиња
Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал.
Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал.
Тој како член на норвешката мешана штафета го освои златниот медал во Сочи, осми во својата кариера. Четириесетгодишниот Бјорндален со тоа го собори сопствениот рекорд кој го делеше со сонародникот Бјорн Дели.
Бјорндален, кој исто така во својата кариера има освоено 19 титули на светските шампионати, a походот кон рекордот го започна на Игрите во Нагано во 1998-ма година и од тогаш освојуваше барем по две медали на Зимските олимписки игри.
Бјорндален на Игрите во Сочи освои златен медал во спринт на десет километри, среброто и припадна на Чешка, додека бронзата на Италија.
{loadposition content9}