Нема жени за Ибрахимовиќ пред натпревар
Фудбалерите на ПСЖ вечерва ќе играат куп-натпревар против Евиан, но многу поинтересно е што клубот им забрани да имаат секаков контакт со жени во пресрет на мечевите.
Фудбалерите на ПСЖ вечерва ќе играат куп-натпревар против Евиан, но многу поинтересно е што клубот им забрани да имаат секаков контакт со жени во пресрет на мечевите.
Дури и во хотелот каде што ќе бидат сместени побарано е во ресторанот за време на ручекот да бидат служени исклучиво од келнери.Се уште не е јасно дали е ова некој вид казна за избраниците на Карло Анчелоти поради лошо однесување во изминатиот период или пак само мерки за се да помине во најдобар ред пред крајот на сезоната кога ПСЖ треба да ја реализира својата цел, освојување на двојната круна во Франција.
Едно е јасно, нема келнерки за Ибрахимовиќ, Лавеци, Пасторе и останатите.
{loadposition content9}