Skip to main content

Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет

Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија. Да навиваме за Македонија!
 |  инфодеск  | 

Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска. Одигравме нерешено 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското првенство во Вараждин. Македонската репрезентација водеше и со 4 гола во првото полувреме против унгарците, но по неколкуте грешки и промашен седмерец на крајот на првото полувреме Унгарија успеа да го израмни резултатот. 

Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија, а Унгарија за противник ја има Гвинеја.