Торстен Хоргмо, 26-годишниот сноубордер, тешко настрада после падот на тренингот на патеката Роза Хутор на Краснаја Полјана. Слетал на глава и рамо и итно е пренесен во болница, а има сомнение дека се работи за прелом на клучната коска.
Сноубордерите последниве денови се жалат дека олимписката патека е необично опасна и на крај тоа на своја кожа го осети Хоргмо кој најверојатно остана без шанси за освојување на медал. Квалификациите во сноуборд почнуваат во четврток, ден пред службеното отворање на Олимписките игри.