Откако ја освои третата Златна топка, Кристијано Роналдо добил награда и од Nike – копачки украсени со микродијаманти кои досега не ги има никој добиено.
Најдобриот фудбалер на денешницата и славниот манекен на Nike, Кристијано Роналдо, на почетокот од годината доби уште едно признание за своите бројни успеси и тоа во прилично екстравагантен облик.
Имено, Nike за својата најголема фудбалска ѕвезда дизајнирал посебни копачки Mercurial CR7 Rare Gold украсени, ни повеќе ни помалку туку со микродијаманти! Славниот Португалец така стана првиот сопственик на копачки со ваков скапоцен детал. Mercurial CR7 Rare Gold копачките на Роналдо му се врачени откако Португалецот ја освои третата Златна топка, а премиерно ќе ги носи на реваншот во Купот на кралот против Атлетико Мадрид.
Микродијамантите на копачките се рачно нанесени на прославеното лого CR7, додека на остатокот од копачките доминира златната боја. Секако, дизајнерите на Nike воделе сметка за симболиката за време на дизајнирањето на овие победнички копачки.
{loadposition content9}