Skip to main content

Нико Розберг потпиша за Мерцедес

Германецот со финско потекло Нико Розберг идната сезона ќе вози во болидот на Мерцедес во шампионатот на Формула 1, соопшти германската екипа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Nico Rozberg
Нико Розберг
Германецот со финско потекло Нико Розберг идната сезона ќе вози во болидот на Мерцедес во шампионатот на Формула 1, соопшти германската екипа.

Nico RozbergКомпанијата на Мерцедес минатата недела ги купи поголемиот број од акциите на екипата на БраунГП, која оваа година ја освои титулата во конкуренцијата на конструктори и индивидуално, благодарејќи на англичанецот Џенсон Батон.

Британскиот возач притоа потпиша за МекЛарен, додека бразилецот Рубенс Баричело премина во редовите на Вилијамс.

Уште не се знае кој ќе биде вториот возач на МерцедесГП, а шефот на тимот Рос Браун ја отфрли можноста тоа да биде седумкратниот шампион во светот Михаел Шумахер.

Розберг претходните четири сезони ги помина зад воланот на Вилијамс, а најдобриот резултат во кариерата го оствари минатат година во Сингапур, каде го освои второт место. Неговиот татко Кеке во 1982-та година беше шампион во Формула 1, па раководството на Мерцедес се надева дека неговиот син ќе оди по стапките на својот татко.

{loadposition content9}