Литванската “нива за компири” го врати Иниеста во детството
Репрезентацијата на Шпанија допатува во неделата во оваа балтичка земја, но беше изненадена од она што го виде на стадионот Дариус и Гиренас. Дел од фудбалерите и селекторот се прашуваа како ќе играат во вакви услови и преку својата федерацијата се обидоа да ја информираат УЕФА за тоа што се случува во Каунас. Стравуваат дека раскопаниот терен може да донесе незгодни повреди.
“Теренот не е добар, тоа е факт. Ние сме подготвени да истрчаме, меѓутоа според мене за доброто на фудбалерите не треба да се игра фудбал. Долгата зима очигледно си го сторила своето, а од Литванската федерација не преземале ништо да го заштитат теренот”, во лутина изјави Висенте Дел Боске.
“Кога го видов теренот веднаш ми се вратија сликите од детството. Тогаш игравме на вакви калливи и земјени терени и дојде ден повторно да го искусам тоа чувство”, изјави Иниеста.
{loadposition content9}