Skip to main content

Њу Јорк Никс повторно со Патрик Јуинг

Патрик Јуинг, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го одбележа играњето на Њу Јорк Никс.

 |  Крсте Голабовски  | 
Патрик Јуинг, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го одбележа играњето на Њу Јорк Никс. Сега, можност да го направи истото го има неговиот син Патрик Јуинг помладиот.

Синот на легендарниот кошаркар е избран како 43 – ти на овогодишниот драфт, а го зедоа Сакраменто Кингс. Сепак веднаш во пакет со Рон Артестом се префрли во Хјустон Рокетс одкаде е пратен во Никс за павото на Фреерик Вајс.

„Многу ми значи што се вратив во Никс. Играњето за нив е остварување на мојот сон, а моја желба е да им докажам на тренерите дека сум добар и дека можам на оваа екипа да и досенам многу победи.“ рече Патрик помладиот.

Тешко дека ќе може да ја постигне славата на својот татко, но постариот Патрик, кој сега е помошник тренер на Орландо Меџик е горд на својот син и му посакива долга и успешна кариера.