Skip to main content

Њу Касл поважен од животот

Двајца британци, кои пиратите од Сомалија ги држат заробени на танкерот „Сириус Стар“ прозборија за прв пат после грабнувањето на бродот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sirius
Сириус
Двајца британци, кои пиратите од Сомалија ги држат заробени на танкерот „Сириус Стар“ прозборија за прв пат после грабнувањето на бродот.

Десет дена откако бродот е киднапиран од страна на пиратите, Питер Френч и Џејмс Грејди добија дозвола да прозборат за “ITV news”. Едно од првите прашања на главниот инжињер на бродот Питер Френч беше како е завршен натпреварот помеѓу Њу Касл и Челзи и откако слушна дека резултатот е 0:0, Френч изјави,

New Castle„Одлично, тоа е супер резултат за нас!“

Е после тоа френч годал телефонот на вториот британски заложник. Инаку „Сириус Стар“ е киднапиран на 15 ноември. На бродот се наоѓаат два милиони барели нафта во вредност од 100 милиони фунти за откуп. Питер френч изјави дека немаат никакви проблеми со пиратите.

„Пиратите не прават никакви проблеми. Немавме никакви недоразбирања до сега. Нашите семејства не треба да се грижат за нас, ќе ни бидат дозволени уште телефонски повици„, изјави Френч.

 

 

{loadposition content9}