Последен петок од месецот
Нова велосипедска традиција во Струга
Во петок започнува нова велосипедска традиција во Струга. Велосипедистите ќе се среќаат секој последен петок од месецот, велат организаторите.
Од утре започнува една нова велосипедска традиција во Струга. Збирното место е на градскиот плоштад, со почеток во 17 часот.
Задолжително треба да имате велосипед, а ќе се вози по улиците на Струга и околу градот.
Организаторите „Критикал Мас Струга“ велат дека ова е еден нов почеток на стара традиција која се одржува со години во повеќе градови низ светот. Вообичаено, турата се вози во последниот петок од секој месец.
Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град – велат организаторите.
Фото/СтругаОнлајн


