Неколку навивачи се обидоа да втрчаат на теренот на финалето во кои се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а поради нивниот протест мораше да реагира обезбедувањето а мечот беше прекинат неколку минути.
При водство на Ѓоковиќ од 4-3 во вториот сет, неколку лица се обиде да го изрази својот протест кон австралиските власти кои донеле одлука сите азиланти кои стигнуваат на овој континент да ги носат во Папуа Нова Гвинеја.
“Australia open for refugees” (Австралија е отворена за бегалци) се наоѓало на нивните маички и на големо знаме кое го развиле на трибините на Род Лејвер арената, а нивниот протест доведе до прекин на мечот.
Едно лице е приведено поради упад на теренот, а останатите се задржани на трибините, од каде се обидоа да упаднат на теренот.
По прекинот мечот беше продолжен а Ѓоковиќ го совлада Мареј, по повеќе од три часа игра, со 3-1 во сетови, 7-6,6-7,6-3,6-0
{loadposition content9}