Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Жерард, на лето го напушта Енфилд и оди во САД. ЛА Галакси ќе биде новиот клуб на Жерард, во кој ќе заработува многу повеќе отколку во Ливерпул последните години. Американците пак не се сомневаат дека многу брзо ќе го исплатат вложеното во иконата на црвените.
Жерард во Галакси, како и во Ливерпул, ќе го носи бројот осум, а бидејќи во јули пристигнува во Лос Анѓелес, дресовите брзо ќе се најдат во продажба со неговото име.
Познати се и цените така што дресот со кратки ракави чини 175 долари, а оној со долги чини 205 долари.
{loadposition content9}