Skip to main content

Oбединување на фудбалските клубови од двата дела на Кипар

По повеќе од половина век поделеност, турските клубови од Кипар најверојатно ќе се вратат во составот на кипарскиот фудбалски сојуз, за да можат да играат меѓународни натпревари.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
По повеќе од половина век поделеност, турските клубови од Кипар најверојатно ќе се вратат во составот на кипарскиот фудбалски сојуз, за да можат да играат меѓународни натпревари.

Турските клубови истапија од Фудбалската асоцијација на Кипар во 1955 година, кога дојде до судири меѓу Грците и Турците на островот, кој во тој период бил под британска управа.
Според потпретседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мариос Лефкаритис, фудбалските клубови од турскиот дел на Кипар доставиле неколку предлози до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за решавање на овој проблем.

navivaci KiparЛафкаритис нагласи дека засега има уште неколку недефинирани прашања во врска со враќањето на турските клубови во Фудбалската асоцијација на Кипар, но изрази надеж дека тие ќе бидат надминати на состанокот со претставниците на ФИФА во Цирих што ќе се одржи на 12 јануари.
Според кипарските медиуми, доколку преговорите завршат успешно уште од следната сезона би можела да биде создадена единстваена фудбалска лига на Кипар.

Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година, а од 1983 година на осторовот постојат меѓународно признатата (грчка) Република Кипар и Турската Република Северен Кипар, која единствено е призната од Турција. Преговорите за повторно обединување на островот во единствена федеративна држава се интензивираа во последниве неколку месеци.

 

 

{loadposition content9}