Skip to main content

Одиграни натпреварите од првото коло на ЕП за кошаркарки до 20 години

Синоќа се одиграа натпреварите од првото коло во „А“ и „Б“ групите од Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б-дивизија, што се одржува во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Синоќа се одиграа натпреварите од првото коло во „А“ и „Б“ групите од Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б-дивизија, што се одржува во Охрид.

kosarkarkiВо рамките на „А“ групата, фаворитите ги оправдаа очекувањата. Португалија ја совлада Австрија со 71:46, Грција ја совлада селекцијата на Велика Британија со 71:59, додека Белгија беше поуспешна од Унгарија победувајќи ја со резултат 74:68.
Во натпреварите од „Б“ групата фаворизираните словачки кошаркарки потешко од очекувањата ги совладаа репрезентативките на Израел со 93:84, додека Романија лесно ја совлада соодветната селекција на Холандија со 79:63.

Македонија синоќа беше слободна.

На распоредеот за денеска се натпреварите од второто коло.
Во групата „А“ се дуелите Велика Британија – Унгарија, Австрија – Грција и Белгија – Португалија.
Словачка – Романија и Македонија – Израел играат во рамките на „Б“ групата.
Слободна е селекцијата на Холандија.

{loadposition content9}