Skip to main content

В.К. Црн Дрим – Струга

Одлични резултати на веслачите од Црн Дрим – Струга на регатата “Суботица опен 2023”

Младите веслачи од Суботица се вратија со два сребрени и два бронзени медали во силна конкуренција.
 |  инфодеск  | 
Веслачки клуб Црн Дрим

На меѓународната веслачка регата “Суботица опен 2023”, која се одржа на Паличко езеро, младите веслачи на В.К. Црн Дрим – Струга постигнаа одлични резултати.

Во конкуренција од над сто натпреварувачии Ана Прентоска во дисциплината скиф пионерки го освои второто место, Александар Хиохи во дисциплината скиф пионери го освои второто место, Климентина Стојмилоска освои трето место во дисциплината скиф јуниорки и Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки.

Исто така одличен пласман постигнаа Христијан Китаноски – скиф јуниори четврто место, а Андреј Симоновиќ и Леон Шутиноски беа шести во дисциплината дубл скул кадети.

Екипата беше предводена од тренерот Никола Мариноски и претседателот на клубот д-р Здравко Голабоски.