Одлично второ Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија одржано во Охрид, во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).
Учество зедоа 78 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби, од клубовите „Мастер“ Охрид, „Ахилиус” Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец, Охрид, „Сонкал“ Мислешево, Струга и „Чонџи“ Косел, Охрид.
– На наше и на задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека многу од нив се на добар пат за брзо време да се изборат за место во репрезентација. Благодарност до Агенцијата за млади и спорт за признавањето на нашиот спорт и поддршката од нивна страна, на Општина Охрид кои беа покровители за организирањето на државното првенство во таеквон-до ИТФ, и на генералниот спонзор „ПН Метал“, најзаслужен за сите наши успеси, вели претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски.
Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубови, некои од нив се бореа за место во репрезентација, за учество на наредното Европско првенство, што ќе се одржи од 15-ти до 22-ри април, во Копер,Словенија.
Резултати од првенството
Најдобар клуб е Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид со освоени 15 златни, 14 сребрени и 19 бронзени медали и 6 пехари за најдобри поединци
На второто место се најде организаторот Таеквон-до клубот „МАСТЕР” Охрид со освоени 7 златни, 6 сребрен и 5 бронзени медали и еден пехар за најдобар поединиец
На третото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот „СОНКАЛ ”Мислешево Струга со освоени 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал и еден пехар за најдобар поединиец
На четвртото место Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ” Косел Охрид со освоени 2 златни ,3 сребрени и 8 бронзени медали
На петтото место Таеквон-до клубот „АХИЛИУС” Скопје со освоени 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.
Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:
-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска
-најдобро дете 8-10 години, Хриситјан Гагалески
-најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска
-најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски
-најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа
-најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески
-најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска
-најдобар младинец 16-21 година , Владимир Димитриевиќ.