Skip to main content

Фудбал

Одложено дербито Воска-Пелистер поради доаѓањето на Вучиќ и Курти

Политичката средба во Охрид е причината поради која припадниците на МВР ќе имаат многу работа и нема да може да го обезбедат второлигашкиот фудбалски дуел, па од ФФМ побарале да најде друг термин.
 |  инфодеск  | 
Воска спорт

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, се „виновниците“ што дерби-пресметката од Втората лига помеѓу Воска и Пелистер наместо следниот викенд, ќе се одигра три дена подоцна односно на 22 март од 15 часот.

Политичката средба во Охрид е причината поради која припадниците на МВР ќе имаат многу работа и нема да може да го обезбедат второлигашкиот фудбалски дуел, па од ФФМ побарале да најде друг термин.

Воска во моментов е второпласирана со 47 бодови, два помалку од лидерот Вардар, додека Пелистер е на четвртата позиција на табелата со 43 бодови.