Од 04 до 10 јули 2025г во Хотел Дрим Струга, се одржа Втора лига на Македонија за 2025 год во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, на првенството учествуваа 10 екипи.


ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа, првенството се играше на шест табли, по Бергер систем ( секој со секого), со темпо на игра 90 минути со 30 секунди додаток на секој потег. Екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 6 место со осум бода, 26 меч поени освоени од три победи, две ремиа и четири порази.

За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце Шапкароски, Константин Лушески, Методија Анѓелкоски, Љупчо Попаѓоски, Михаил Николовски, Никола Николовски, Ванчо Видиќевски, Александар Алексовски, Иван Велкоски, Андон Колоски и Златко Деркоски.

Учеството во Втора лига на Македонија за 2025 год во шах, е согласно Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид,

