Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул сака да го купи кинеската компанија China Everbright зад која стои кинеската влада, пренесува Business Insider.
Кинезите наводно понудиле 800 милиони фунти, односно една милијарда долари. Како што пишува Sunday Times, разговорите помеѓу кинескиот инвеститор и сопственикот на клубот, американската компанија FSG, се одвиваат веќе извесно време.
FSG го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти.
Претседателот на клубот Tom Werner признал за агенцијата AFP дека FSG е “отворен за идејата за продажба на уделот”.