Skip to main content

Охрид добива младинска кошаркарска лига

Почнувајќи од денес, младите таленти на охридската кошарка ќе добијат можност да покажат што знаат пред јавноста. Првиот натпревар го одиграа најмалите кошаркари како увертира во лигашките пресметки. Организатор на оваа лига е Кошаркарскиот клуб, Глобал од Охрид.

 |  Мишел Наумсоки  | 
kosarka
кошарка

ekipiМладите таленти на охридската кошарка денес зачекорија по стапките на своите идоли. Во Охрид се формира младинска кошаркарска лига. Оваа лига е составена од четири екипи меѓу кои Езерца, Освојувачи, Рисови и Величенствени. Ваквиот начин на натпреварување ќе им овозможи на младите кошаркари да покажат што знаат пред јавноста.

„Со големо задоволство сакам да ве известам вас и охридската јавност дека започнуваме со ГЛОБАЛ кошаркарската лига која е во организација на кошаркарскиот клуб ГЛОБАЛ од Охрид. Учествуваат 4 екипи и се натпреваруваат во лига систем.“-рече Дарко Трајчески-Тренер во Кошаркарскиот клуб-Глобал

publikaНатпреварувачкиот дел од кошаркарската лига започна со мечот помеѓу Езерца и Освојувачи. Натпреварите се одржуваат во салата при основното училиште „Григор Прличев“. Од кошаркарскиот клуб Глобал, за наредната година најавија уште поамбициозни планови.

„Сите членови на овие екипи се дел од кошаркарскиот клуб ГЛОБАЛ. Тренираат активно, а со лигава сакаме да им овозможиме да имаат еден натпреварувачки циклус, да се ослободат од натпреварувачката трема, нормално сакаме да идентификуваме млади таленти, понатака да можеме да работиме со нив. Планот ни е в година лигата да ја зголемиме со уште две екипи, па така лигата да се шири.“-додаде Трајчески

Натпреварите кои денес се одиграа завршија со следните резултати:

Екипата на Езерца ја совлада екипата на Освојувачи со  18 : 17

Рисови загубија од тимот на Величенствени со 18 : 27

додека дуелот помеѓу Синиот и Белиот тим заврши со нерешен резултат од 12 : 12

Со започнувањето на ваквите проекти, но и нивната успешна реализација се наѕираат светли денови за спортот во Охрид. Целта е да се покаже дека Охрид има свои таленти кои паралелно со своето лично надградување, ќе го надградат и спортското живеење на нашиот град.

{loadposition content9}