Skip to main content

Охрид од денеска домаќин на ЕП за кошаркарки до 20 години

Од денеска до 15-ти овој месец во Охрид, ќе се одржуваат натпреварите од „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 20 години.

 |  Крсте Голабовски  | 
pretstavuvanje
претставување
Од денеска до 15-ти овој месец во Охрид, ќе се одржуваат натпреварите од „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 20 години.

sportska salaНа шампионатот ќе настапат 11 селекции поделени во две групи, а натпреварите ќе се играат во салата „Билјанини извори“.
Македонија која ќе настапува во групата „Б“, во првото коло е слободна, во кое денеска играат: Израел – Словачка од 18:45 часот и Холандија – Романија од 21:00 часот.

Утре, нашите кошаркарки ќе го одиграат првиот натпревар, кога во рамките на второто коло се среќаваат со селекцијата на Израел со почеток од 21:00 часот.

Во групата „А“, денеска во рамките од првото коло играат: од 12:00 часот Португалија – Австрија, од 14:15 часот Грција – Велика Британија и од 16:30 часот Унгарија – Белгија.

{loadposition content9}