Охрид домаќин на првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева
Во Охрид денеска се одржува првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева.
хокеари
Во Охрид денеска се одржува првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева.
На ревијалната спортска манифестација ќе учествуваат три екипи од Македонија, исто толку екипи од соседна Бугарија, како и еден тим од Србија.
Сите натпревари ќе се играат во спортската арена „Билјанини извори“. Вкупно ќе бидат одиграни 10 натпревари, а финалето се очекува да започне во 14:30 часот.
За првите трипласирани екипи се обезбедени медали, а наградени ќе бидат и најдобриот играч и стрелец на турнирот, информираат од организацискиот одбор на првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева што се одржува во Македонија.
{loadposition content9}