Skip to main content

Охрид вечерва на плоштад ќе слави за европската шампионска титула

Ова е прв трофеј во историјата на клубот.
 |  инфодеск  | 

Ракометарите на Охрид го освоија Европскиот куп откако во реваншот од финалето против унгарската Татабања победија со 31:26 пред своите навивачи. Ова е прв трофеј во историјата на клубот.

Од ГРК Охрид најавија прослава на титулата денеска на Градскиот плоштад.

Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп! – соопшти ГРК Охрид.

На патот до трофејот, Охрид одигра 12 натпревари и забележа само еден пораз, против бившиот европски првак Целје во полуфиналето.