Skip to main content

голф клуб охрид

За прв пат во Македонија одржано регуларно коло од македонската национална голф лига. Досега натпреварите се одржуваа во Грција или Бугарија

Охрид на интернационалната голферска мапа, за прв пат во Македонија се одржа голф турнир, кој што е дел од рангирање во македонската национална голф лига.
 |  инфодеск  | 

Охрид конечно ставен на интернационалната голферска мапа. За прв пат во Македонија се одржа голф турнир, кој што е дел од рангирање во македонската национална голф лига.

Вчера во Охрид се одржа третото коло од националната голф лига 2025 на Македонија. Домаќин и организатор е Голф Клубот Охрид.

Првите две кола од лигата се одржаа во Порто Карас, Грција во организација на голф клубот ЗГРМ Вардар. Учесниците се натпреваруваа во две категории, НЕТ и ГРОСС дивизија. Во НЕТ категоријата победник беше охриѓанецот Виктор Филипчевски, второто место му припадна на Драган Стерјовски, а охриѓанецот Александар Гоџо го освои третото место. Во ГРОСС категоријата првото место го освои Игор Стојменов, второто Наум Јанакиев, а Илија Остојчиќ го освои третото место.

Учествуваат 6 клубови од Македонија со 22 натпреварувачи, меѓу кои тројца од голф клуб Охрид. Иако времето беше доста променливо, голферите со голем ентузијазам го одиграа првото официјално коло во голф и врнежливото време не ги спречи да се натпреваруваат и да дојдат до своите медаљи.

Од Голф Клубот Охрид и од Македонската голферската федерација упатуваат посебна благодарност за поддршката на Општина Охрид што помагаат да се развие овој спорт во нашата област. Без нив, но исто така и без помагателите од приватниот сектор оваа приказна немаше да може да се испишува во Охрид.

Инаку, Голф Клубот Охрид од 01.06. започнува да работи секојдневно, сите заинтересирани можат да добијат информации за голф школата и начинот на практицирање на овој спорт.