Skip to main content

Едриличарска федерација на Македонија

Во Охрид се одржа Критериска Регата – „Заедно за иднината на езерото”

На истата учество зедоа натпреварувачи од клубовите „Акватика Јахтинг” од Охрид и Снегар од Струга, поделени во неколку категории.
 |  инфодеск  | 
регата

Викендот во рамки на Критериската Регата – „Заедно за иднината на езерото” се одржаа вкупно осум трки во Охрид односно Охридското Езеро, со што се отвори новата натпреварувачка сезона во организација на Едриличарскиот клуб Акватика Јахтинг од Охрид, а под капата на Едриличарската федерација на Македонија, поддржана од „Сава пензиско” и „Сава осигурување”.

На истата учество зедоа натпреварувачи од клубовите „Акватика Јахтинг” од Охрид и Снегар од Струга, поделени во неколку категории, а беа постигнати следниве резултати:

Класа Оптимист – севкупно:
1. Марко Милески – Снегар Струга
2. Андреа Чуркоска – Снегар Струга
3. Андреа Кавај – Снегар Струга

Класа ИЛКА 4:
1. Софија Ставрева – Акватика Јахтинг Охрид
2. Илина Гаџовска – Акватика Јахтинг Охрид
3. Евгенија Ставрева – Акватика Јахтинг Охрид

Класа Оптимист – девојки:
1. Андреа Чуркоска – Снегар Струга
2. Андреа Кавај – Снегар Струга
3. Гала Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид

Класа Оптимист – момчиња:
1. Марко Милески – Снегар Струга
2. Павел Стоев – Акватика Јахтинг Охрид
3. Горазд Арнаудов – Акватика Јахтинг Охрид

Класа Оптимист – девојчиња до 12 години:
1. Гала Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид
2. Мула Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид

Класа Оптимист – момчиња до 12 години:
1. Марко Милески – Снегар Струга
2. Горазд Арнаудов – Акватика Јахтинг Охрид
3. Александар Талев – Акватика Јахтинг Охрид