Skip to main content

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025”-  Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Најтрофеен клуб од Македонија беше домаќинот Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, освојувајќи 7 златни, 7 сребрени и 11 бронзени медали, а пехарот за најдобар поединец и припадна на Миа Танеска.
 |  инфодеск  | 

Викендов во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот, од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот. Исто така учествува репрезентации од неколку држави, со што, како што информираат организаторите, квалитетот на натпреварот беше подигнат на повисоко ниво од минатата година.

-Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, со пренос во живо, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот, изјави Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, поранешен светски вицешампион Прага’96.

Најтрофеен клуб од Македонија беше домаќинот Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, освојувајќи 7 златни, 7 сребрени и 11 бронзени медали, а пехарот за најдобар поединец и припадна на Миа Танеска.

За најдобари клубови  на натпреварот беа избрани:

      1 место:   Фалкон, Благоевград ,Бугарија

      2 место:   Василена, Перник, Бугарија

      3 место:   Српски Соко, Зворник, БиХ                                             

Од клубот изразуваат  благодарност на нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите успеси на М.Т.Т.Ф и за одличната организација на истиот турнир, до Општина Охрид, до Министерството за спорт, но и до сите што помогнаа со учество на овај турнир.