Skip to main content

Куп на Македонија во организација на ГРК Охрид

Охрид е подготвен за ракометниот Куп на Македонија

Охрид е подготвен за ракометниот Куп-спектакл, познати термините на натпреварите и судиите.
 |  инфодеск  | 
Куп на Македонија

Охрид е подготвен за претстојниот завршен турнир од ракометниот Куп на Македонија, што во периодот од 11 мај до 13 мај ќе се одржи во „Билјанини Извори”. Организатор на завршните турнири е ГРК Охрид.

Кај мажите ќе биде највозбудливо бидејќи Вардар 1961 ќе го брани тронот, а во полуфиналето „црвено-црните” ќе играат против одличниот Алкалоид, овој натпревар ќе се одигра вечерва со почеток од 20 часот. Претходно, Еурофарм Пелистер ќе ги одмери силите со екипата на Пролет, а овој меч ќе стартува во 17:30 часот.

Дамите ќе играат во петок, а Металург ќе оди против Куманово на теренот во 17:30 часот, додека пак Вардар и ЖРК Ѓорче Петров ќе се судрат во 20 часот.

Финалето кај мажите и кај дамите ќе се одигра во сабота (13. мај) од 15 часот и 18 часот.

Полуфиналната средба меѓу Металург и Куманово ќе ја судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, а пак втората полуфинална средба меѓу Вардар и Ѓорче Петров ќе ја судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева.

Првиот полуфинален меч меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека најдобрите судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на Вардар и Алкалоид.

Финалето во женска конкуренција што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Финалето во машка конкуренција што ќе се одигра в сабота од 18:00 часот, ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.