Охридската тенисерка Тања Стојановска со одлични резултати во САД
Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, држава Њујорк, изминатите две недели ги бранеше боите на својот Универзитет на два меѓу-универзитетски тениски турнири од Првата НЦАА Универзитетска тениска лига.

Притоа, забележа одлични резултати. Имено, играјќи на првата позиција за својот Универзитет, го освои првиот турнир кој се одржа во Бафало, а на кој учествуваа четири Универзитети од Првата НЦАА тениска лига, и притоа беше прогласена за спортист на неделата на својот Универзитет.
На вториот турнир, кој се одржа на терените на Универзитетот Јејл, а на кој учествуваа по два најдобри играчи од Универзитетите од Првата НЦАА тениска лига, Тања Стојановска, иако повредена, стигна до третото коло, победувајќи ја во второто коло Моника Лин од Универзитетот Харвард, инаку 12-то пласирана на НЦАА ранг листата. Воедно, тоа е и најдобар резултат за Универзитетот во Бафало во последните години.
Иако е студентка на прва година, и само два месеци е во Америка, Тања Стојановска за кратко време се избори да игра на првата позиција за својот Универзитет, и постигна забележителни резултати на тениските турнири.
{loadposition content9}