Skip to main content

Охридскиот пливачки маратон по 23 -ти пат

Традиционалниот Охридски маратон годинава најавен скромно, на само два дена пред започнувањето.

logo
лого
Традиционалниот Охридски маратон годинава најавен скромно, на само два дена пред започнувањето.

maratonciВниманието на охриѓани и туристите во градот утре ќе го привлече 23 – тиот по ред меѓународен пливачки маратон. Шести по ред во Гранд При серијата за 2009год. на меѓународната пливачка федерација ФИНА. На патеката „ Климе Савин“ ќе пливаат 29 натпреварувачи од 9 земји во светот.

Денеска беше одржан технички состанок, на кој сите учесници беа информирани за пропозициите на трката, за условите кои ги чекаат во текот на утрешниот ден, критериумите кои треба да ги исполнуваат, начинот на антидопинг контролата, односно за сите критериуми  дефинирани со правилникот на Меѓународната пливачка федерација.

Покровител на овогодинешниот маратон е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Наградата за победникот изнесува 25.000 американски долари. Оваа година наградата „ Климе Савин“ која се доделува за значајни достигнувања за поддршка и помош во развојот на маратонското пливање во Македонија ќе ја поделат, Г.П Гранит и Срафан Пулејоски, секретар на Пливачката Федерација на Македонија.

Од година во година Охридскиот маратон пополека го губи стариот сјај. Некогаш Охрид живееше за овој ден, а сега настанот е само скромно најавен и тоа само на два дена пред неговиот почеток.

{loadposition content9}