Skip to main content

Стрелаштво

Охридските стрелци се вратија со грст медали

Од Државното Првенство со воздужно оружје кое викендов се одржа во Битола, охридските стрелци се вратија со грст медали.
 |  Голабовски Крсте  | 
Стрелци државно првенство

Од Државното Првенство со воздужно оружје кое викендов се одржа во Битола, охридските стрелци се вратија со грст медали.

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа најмасовното Државно Првенство со воздужно оружје во категорија на јуниори-ки и сениори-ки во дисциплината воздушна пушка и пиштол. На ова првенство учество зедоа околу деведесеттина стрелци во сите категории. Најдобрите стрелци се натпреваруваа на современо опремено стрелиште со електронски мети. Охридските стрелци ги постигнаа следниве резултати:

Во сениорска категорија во дисциплината воздушна пушка, Мартина Петровска од СК „Охрид” се закити со златен медал, со резултат од 589,4 кругови.
Во категорија на јуниорки, нашата најдобра јуниорка Јована Милевска со резултат од 597,5 круга, таа се пласира на петтата позиција. Марија Ванѓеловска во истата категорија се пласира на 13-тата позиција, Калина Чепуњоска на 15-тата, додека Ива Маленко на 16-тата позиција. Во екипен пласман јуниоркии, со резултат од 1717,3 круга, јуниорките се пласираа на 4-тата позиција. Во категорија на сениорки пиштол, Валентина Гоџоска од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 6-тата позиција со резултат од 500 кругови, како и Велибор Балоски на истата позиција во категорија сениори пиштол со резултат од 521 кругови.

Најголемо и најпријатно изненадување приредија младите јуниори на пиштол:

Стефанија Вељаноска од СК „Охрид” вицешампионка за 2022 година со резултат 502 круга
Иван Милевски истотака од СК „Охрид” вицешампион за 2022 година со резултат од 482 кругови. Со бронзен медал пак се закити Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” со резултат од 481 кругови. Во дисциплината воздушна пушка јуниори, нашиот најдобар стрелец Бојан Спасеновски ја освои вицешампионската позиција со резултат од 598,8 кругови. Никола Спироски се пласира на осмата позиција со резултат од 565,7 кругови, додека Криистијан Балоски од СК „Охрид” се пласира на 14-тата позиција со резултат од 510,9 круга. Уште два настапи до крајот на месецов ги очекуваат дел од нашите стрелци надвор од државава.