Skip to main content

Охридскиот планинар Мишко Танески не успеа да го совлада Аконкагва

Охридскиот планинар Мишко Танески не успеа да го совлада Аконкагва, највисокиот врв на Латинска Америка и јужната земјина хемисфера. Во изјавата за МИА од Аргентина, Танески рече дека причина за откажувањето се екстремно неповолните временски услови што го зафатиле регионот.

 |  Маја Савиќ  | 
Mishko Taneski
Мишко Танески

Mishko TaneskiОхридскиот планинар Мишко Танески не успеа да го совлада Аконкагва, највисокиот врв на Латинска Америка и јужната земјина хемисфера. Во изјавата за МИА од Аргентина, Танески рече дека причина за откажувањето се екстремно неповолните временски услови што го зафатиле регионот, особено последните денови за кога беа предвидени завршните фази од искачувањето.

Иако, Танески заедно со група алпинисти се искачил на 6.250 метри од 6.965 метри високиот Аконкагва, сепак поради безбедносни причини решиле да се откажат од искачувањето.

– Самата експедиција траеше 14 дена, а сето тоа време не следеше невреме со екстремно силен дожд и ветрови што дури ни ги уриваа шаторите. Цели 12 дена не можевме да заспиеме, да одмориме. Во такви естремни услови едвај стигнавме до вториот камп каде чекавме на подобрување на временските услови, што не се случи, изјави Танески.
Танески во моментов се наоѓа во базниот камп „Плаза Аргентинос“ на подножјето на Андите, од каде наскоро ќе тргне назад за Македонија.




{loadposition content9}