©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.

  • Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Охридските гладијатори одат на нова победа на утрешниот дерби дуел со РК Работнички

Охридските гладијатори одат на нова победа на утрешниот дерби дуел со РК Работнички

Исклучително позитивна атмосфера помеѓу ракометарите на РК Охрид 2013 пред утрешното прволигашко дерби со ракометниот клуб на Работнички.

 |  Мишел Наумоски  | 
rakomet

Срцата на нашите ракометни гладијатори чукаат со забрзано темпо пред утрешниот дерби натпревар со ракометната екипа на “Работнички” со која охриѓани во моментот го делат второто место на суперлигашката табела. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека играчите, како и на секој претходен натпревар, така и на овој, ќе гинат за секоја топка и ќе бидат максимално мотивирани за нов триумф.

rk ohrid 2013“Ние сме пресреќни што во моментов имаме седум победи од девет натпревари и што котираме на второто место на табелата на Супер лигата. Утре не очекува еден исклучително тежок натпревар против екипата на Работнички, која е составена од пет сегашни или бивши македонски репрезентативци, и тие имаат како нас седум победи од девет натпревари, меѓутоа атмосферата во клубот е повеќе од одлична, еве ја поканувам и охридската публика да ни помогне утре да стигнеме до уште еден триумф, ние ќе дадеме се од себе, ќе биде вистински дерби натпревар како секој натпревар и се надевам дека на крајот успешно ќе го завршиме натпреварот.”-вели тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски.

После три години раководење со охридскиот ракометен клуб, претседателот на РК Охрид 2013, Димитар Спасески вели дека очигледен е напредокот, не само во прикажаните игри, туку и во однос на амбициите во секоја наредна сезона. 

derbi rk ohrid“Оваа година сите гледаме дека РК Охрид е издигнат на највисоко ниво досега, и во организациска, и во играчка и во финансиска смисла. Тука пред се сакам да се заблагодарам на сите чинители во клубот, членовите на Управниот одбор, на стручниот штаб, на играчите за целокупната посветена работа во текот на овие девет изминати кола како никогаш досега постигнавме голем успех и моментално сме на второто место на прволигашката табела, веднаш зад Металург што секако ќе се сложите дека е најголемиот спортски успех на една охридска екипа.”-рече претседателот на РК Охрид 2013, Димитар Спасески. 

Ѓоко Апостолов од ракометниот клуб “Охрид 2013” со благодарност до медиумите за следењето на ракометните успеси на охридскиот ракометен клуб.

ribari“Сакаме како клуб и како управа да ви изразиме благодарност што постојано не следите на нашите натпревари, оваа сезона, впрочем и изминатите. Сметам дека оваа година сме далеку подобро и организирани, и резултатите се согласно нашите амбиции, тоа го покажуваме и на терен, впрочем и она што утре не очекува, дерби натпревар од 10то коло од Ракометната машка лига помеѓу РК Охрид 2013 и РК Работнички, двете второпласирани екипи со по 21 бод и ќе биде една одлична прилика за врвен ракомет.”-изјави спортскиот директор на РК Охрид 2013, Ѓоко Апостолов. 

И тројцата едногласни дека и утре како и на секој претходен натпревар ја очекуваат поддршката од охридската публика, и на навивачката група “Рибари” кои ја подигнуваат атмосферата на секој ракометен дуел. Дербито со екипата на “Работнички” првично беше закажано за утре во 19 часот, но истото потоа беше презакажано за во 19 часот и 30 минути, секако во салата на СРЦ “Билјанини Извори”, па бидете таму и бодрете ги нашите гладијатори.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top