Skip to main content

ИЈКА МАКЕДОНИЈА

Охридските карате-репрезентативци се вратија со 4 медаљи од Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација

Три сребра и една бронза за македонската репрезентација на Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација.
 |  инфодеск  | 

Во период од 25 до 27 јули во Бургас, Бугарија, беше одржано Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација на кое претходеше врвен Карате семинар под водство на Светскиот Шеф Инструктор на ИЈКА Утсуми Такато Сенсеи.

Од ИЈКА Македонија информираат дека нашата репрезентација се врати со освоени 4 медали:

●Калина Георгиеска – сребро во Кумите јуниори категорија кафеави и црни појаси 12-13 години;

●Евгенија Глигороска – сребро Кумите и бронза во Кати јуниори категорија кафеави и црни појаси 10-11 години;

●Вера Блажеска – бронза во Кихон ипон Кумите јуниори категорија до зелен појас 10-11 години.