Skip to main content

Патот до успехот

Oхриѓанецот Бобан Пашовски е успешен ракометен тренер во Шведска

Сторијата на Пашовски е уште еден пример во низата дека Македонија изобилува со таленти и успешни млади луѓе.Пашовски денес е ракометен тренер кој со работа стартувал како ракометар во Охрид, а во Шведска за само три сезони станал тренер на женски ракометен клуб во прва лига. Патот до овој голем успех не е лесен, но крајниот резултат е промоција за мојот град Охрид и Македонија вели Пашовски.
 |  инфодеск  | 
Бобан Пашовски

Охриѓанецот Бобан Пашовски преку своите успеси ги промовира Охрид и Македонија во најдобро светло во Шведска. Тој  е ракометен тренер кој со работа започнал како ракометар во Охрид, а во Шведска за само три сезони успеал да стане  тренер на женски ракометен клуб во прва лига.

Целта сега му е да го внесе клубот кој го предводи во елитната лига. Вели успехот таму се постигнува само ако се пласираат резулати бидејќи условите за работа се одлични.

„За една сезона успеавме заедно со тимот да стигнеме до прво место и да ја освоиме трета лига. И со самиот влез во втора лига веќе почнуваат работите да стануваат посериозни. Желба ми беше да се обидам и со машки тим исто така , успеав да влезам во Сала , така се вика тимот, тој е соседен град , каде што живеам. Исто така од трета лига, имавме големи очекувања, тимот беше посериозен со некоја подолга традиција и мојата сатисфакција беше тоа што успеаја тие да ме видат во големата слика за во следните три до четири години успееме да влеземе во прва лига. Следна сезона со сала бевме вицешампиони второ емсто и се слушнаа добри гласови низ ракоментите клубови во Шведска па добив понуда за оваа сезона да водам тим од прва лига, што е за мене голем успех”, вели Бобан Пашовски ракометен тренер.

Швеѓаните многу ја почитуваат Македонија кога станува збор за ракометот, вели  Пашовски. Неговите планови се да собере уште некоја година искуство таму, па ако се создаде добра прилика во иднина вели дека би прифатил своето искуство да го пренесе и дома во родната земја. Желба му е да им помогне на млади спортисти да се промовираат надвор од Македонија.

„Морам да кажам дека Македонија во последните неколку години посебно после првата победа на Вардар вложува екстремно многу во ракометот и затоа сум навистина среќен  за тоа што очигледен е растот во ракометот во Македонија. Моите амбиции се да успеам да влезам во таа елитна шведска лига. Не е мала работа да се биде тренер во Шведска, затоа што конкуренцијата е извонредно голема. Се гледам себе си во Шведска во наредните пет до шест години да соберам некое искуство доколку дојде шанса да се вратам во Македонија  со ракометот да има побогато искуство и да пренесам нови работи во македонскиот ракомет”, вели Пашовски.

Приказната на Бобан Пашовски е уште еден пример во низата дека Македонија изобилува со таленти и успешни млади луѓе, со кои се гордее земјава.

Новинар Соња Рилковска