ТК Охрид
Охриѓанката Ана Стојановска го освои второто место на државниот Мастерс турнир во тенис
Одличен пласман на охридската тенисерка Ана Стојановска на Мастерс турнирот во тенис кој викендов се одржа во Скопје.
Викендов во ТК ЈУГ Скопје се одржа Мастерс турнирот за најдобрите 8 Јуниори и Јуниорки до 18 години од државава. Одличен пласман оствари Ана Стојановска од ТК Охрид која го освои одличното второ место, а во финалето изгуби од Катја Ивановска од ТК МТП со 63, 61.
Веднаш потоа, од 22-24 октомври, во ТК ЈУГ Скопје се одржа и Мастерс турнирот за најдобрите 8 мажи и жени, каде 17-годишната Ана Стојановска, исто така, оствари добар резултат, пласирајќи се на 5-то место, информираат од ТК Охрид.




